Затворски казни за кражбата на артефакти во Музејот на Македонија

20.03.2015 10:32

Исчезнувањето на артефактите беше обелоденето во ноември 2013-та година. Обвинетите му нанесле штета на Музејот на Македонија во вредност од 1,3 милиони денари...

Пресуда за случајот со украдените артефакти во Музејот на Македонија. Екс директорот на музејот Перо Јосифовски доби највисока казна, 8 години и 8 месеци.

Златарот Часлав Кузмановиќ што ги изработуваше копиите, 7 години и 8 месеци затвoрска казна.

Програмскиот директор на археолошкиот музеј Златко Видевски, 6 години и 8 месеци. Следуваат и уште две казни со по 3 години и две казни по една година.

Исчезнувањето на артефактите беше обелоденето во ноември 2013-та година. Обвинетите му нанесле штета на Музејот на Македонија во вредност од 1,3 милиони денари.