Вкупно 31 година затвор за обвинетите за кражба во Музејот на Македонија

20.03.2015 13:47

Највисока казна доби поранешниот директор на музејот, Перо Јосифовски, кој е казнет со 8 години и 8 месеци затвор...

Вкупно 31 година затвор за седумтемина обвинети за кражба на артефакти од Музејот на Македонија.

Највисока казна доби поранешниот директор на музејот, Перо Јосифовски, кој е казнет со 8 години и 8 месеци затвор. Златарот Часлав Кузмановиќ, кој изработувал реплики на златните експонати е казнет со седум години и осум месеци затвор, а програмскиот директор на Археолошкиот музеј, Златко Видевски со 6 години и осум месеци.

Исчезнувањето на артефактите беше обелоденето во ноември 2013-та година. Осудените му нанесле штета на Музејот на Македонија, во износ од 1,3 милиони денари.