Превентивна дератизација против туларемија

20.03.2015 13:57

Најмногу заболени од туларемија има во селото Каратманово, а досега се регистрирани вкупно 19 случаи...

Почна превентивната дератизација на бунарите и каптажите во Кавадарци. Се уште е во сила прогласената епидемија на глодарската треска во општина Лозово, каде што во моментов е министерот за здравство Никола Тодоров.

Најмногу заболени од туларемија има во селото Каратманово, а досега се регистрирани вкупно 19 случаи.

Комисијата за јавно здравје вчера наложи чистење на бунарите, каптажите и на канализационите шахти од глодарите, одржување лична хигиена и задолжителна проверка на квалитет на водата за пиење.

Болеста се манифестира со симптоми слични на грип.