МОН ќе ги разгледа барањата на средношколците
„Ние ќе ги разгледаме барањата на матурантите и врз основа на тоа што ние го планиравме и врз основа на тоа тие што го бараа, преку една јавна дебата ќе ја информираме јавноста“, изјави министерот Адеми...

Министерството за образование ќе ги разгледа барањата на средношколците за математиката. Министерот Абдилаќим Адеми информираше дека ќе оствари средба со матурантите, каде ќе им биде објаснето дека од нив ќе се бара да имаат основно знаење од овој предмет.
„Ние ќе ги разгледаме барањата на матурантите и врз основа на тоа што ние го планиравме и врз основа на тоа тие што го бараа, преку една јавна дебата ќе ја информираме јавноста“, изјави министерот Адеми.
За деканот на Технолошко- металуршкиот факултет во Скопје, математиката е неопходна, но тестот да не биде ист за сите матуранти.
„Учениците што имаат по два до три часа неделно и учениците што имаат по пет до шест часа неделно треба да имаат различен начин на полагање, различна тежина на тестовите на државниот испит. Тука, според мене, можеби има мал проблем, а никако да се остават учениците без знаењето од математиката. На државата и се потребни млади кадри кои ќе имаат општо високо образование“, смета деканот Александар Димитров.
