Попоски: Превенција и меѓугранична соработка против џихадизмот

20.03.2015 14:18

Во еден од заклучоците на учесниците од земјите на Западен Балкан, е дека приоритети се превенцијата и меѓуграничната соработка, за да се спречи се поголемиот број млади луѓе да војуваат во странски паравоени формации...

Во Виена, конференција на тема „Борбата против џихадизмот, обликување на политиката за превенција и реакција“ на која учестуваат и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во еден од заклучоците на учесниците од земјите на Западен Балкан, е дека приоритети се превенцијата и меѓуграничната соработка, за да се спречи се поголемиот број млади луѓе да војуваат во странски паравоени формации.

„Сите земји од регионот, вклучително и нашиот домаќин Австрија се директно тангирани. Од сите земји има по стотина луѓе по држава кои се вклучени и во војувања на Блискиот Исток и во регрутирање на луѓе и во помагање на транспортот. Овие луѓе соработуаваат преку граница без пречки. Ефектите ги гледаме, но доколку во догледно време не се прилагоди одговорот, на ваков тип на закана, тогаш можеме да ги видиме последиците како оние во Париз, Копенхаген или во Тунис. Најефикасно и долготрајно решение е во делот на превенцијата, спречување на ширење на една радикална идеологија која мотивира млади луѓе да одат во смрт или да водат војна, што не соодветстува со идеалите на едно современо европско општество“,  рече министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во телефонска изјава за МТВ.