Над 50 жртви во нападите во Сана
20.03.2015 16:01
Очевидци велат дека нападот го извршиле припадниците на милицијата на шиитските хути...

Најмалку 50 луѓе загинаа, а голем број се повредени во три бомбашки напади во две џамии за време на петочната молитва во Сана.
Очевидци велат дека нападот го извршиле припадниците на милицијата на шиитските хути.
Експлозиите следуваат по вчерашниот напад на претседателската палата и борбите на главниот аеродром, при што 13-мина го загубија животот.
