Чедоморство во Франција: Полицијата откри тела на пет бебиња во ладилник
20.03.2015 16:04
Таткото на првооткриеното бебе ја известил полицијата за несреќата, но веднаш по приведувањето рекол оти не знаел дека неговата 35-годишна сопруга била бремена и дека имала уште четири бебиња...

Франција е во шок поради случајот со чедоморството. Полицијата пронашла тела на пет бебиња во семеен дом на брачна двојка, во југозападниот дел на Франција.
Таткото на првооткриеното бебе ја известил полицијата за несреќата, но веднаш по приведувањето рекол оти не знаел дека неговата 35-годишна сопруга била бремена и дека имала уште четири бебиња.
Полицијата го пребарала домот, каде што во ладилникот се пронајдени уште четири мали тела.
Според првичните информации, таткото е уапсен, а мајката е хоспитализирана поради психијатриски испитувања.
