Самит во Брисел: Грција да достави список реформи, бизнисот да не се користи како политичко оружје!

20.03.2015 16:45

Договорот за гас се однесува на економијата и бизнисот и не смее да се користи како политичко оружје. Претседателот на Европскиот совет категоричен на самитот во Брисел на кој е донесена долука за активирање на процесот кој ќе ја формира Енергетската унија. На собирот неодминлива беше и Грција...

Во следниве неколку дена Грција треба да поднесе листа на предлози на реформи кои ќе помогнат во справување на финасиската криза во земјата- ова е заклучокот на вонредната средба со германската канцеларка Меркел, францускиот председател Оланд и првите луѓе на Европската централна банка, Совет и Комисијата, а на барање на грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на дводневниот самит во Брисел. Ципрас изминатово деноноќие сакаше на мала врата да протурка „инстант политичко решение“, што предизвика неазадоволство кај остантите држави членки на Унијата, како Белгија, Холандија, Авсртија.

„На овој состанок не се носеа одлуки, туку се разгледува реалноста. Да го избегнме недоразбирањето на највисоко ниво. Имавме искрена и конструктивна дебата за тоа како понатаму. Од нашата вчерашна заедничка изјава на сите им стана јасно дека ние сме обврзани на договорот на состанокот на Еврогрупата од 20 февруари, и се согласивме во духот на взаемна доверба да ја забрзаме работата и да го завршиме тоа што поскоро“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Првиот ден на самитот доминираше темата за енергетската сигурност на Европа , односно формирањето на Енергетската унија. Долгорочниот договор и зависноста од рускиот гас е неповолно за енергетската сигурност и економијата во Европа - истакна председателот на Европскиот совет. Тој рече дека во моментов се разгледуваат сите опции за безбедна и одржлива енергетска сигурност.

„Договорот за гас треба да се однесува кон економијата и бизниост и не смее да се користи како политичко оружје. Се согласиме да разгледаме колку нашите компании можат да обезбедат гас од други надворешни снабдувачи, и како да се изградат стртегиски партнерства со држави чија важност во производството и транспортот на енергијата континуирано расте“, нагласи Туск.

Во бриселските куолари се констатираше дека токму од овие причини ЕУ овој пат ретерираше во поглед на нови економски санкции кон Русија. Европскиот совет смета дека досега целосно се почитува примирјето од Минск. Нови економски санкции кон Русија нема, а важноста на постоечките истекува до јули годинава.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ