Медиуми: Факти за „Ал Џезеира“

20.03.2015 17:13

Меѓународниот телевизиски канал Ал Џезеира е со седиште во Доха и е во сопственост на катарската влада. Сателитскиот канал Ал Џезеира почна со емитување во 1996-та година...

Меѓународниот телевизиски канал Ал Џезаира, чиј превод е „Островот“, е со седиште во Доха, Катар и е во сопственост на Владата, односно на Емирот којшто е шеф на државата и на Владата.

Според Уставот, во земјата но и во телевизиската станица се применува исламот според Шеријатското право. Што значи дека семејното право не го прифаќа сведочењето на жена, а каменувањето и камшикувањето се сметаат за легална казна. Љубовната врска меѓу жена од муслимаксна и маж од немуслиманска вероисповед се казнува со смрт.

Во апсолутната монархија според законот нема партии, што не ја спречува Ал Џезаира да држи лекции по слобода и демократија. 

Во ноември 2001 година американски „Томахок“ проектил го уништи дописништвото на Ал Џезаира во Кабул, а администрацијата на Џорџ Буш повеќепати ја обвини за анти-американски позиции.

Две години подоцна, Њујоршката берза не дозволи лиценца за емитување на програмите на  телевизијата на американско тло. Американски интернет провајдер одби договор со меѓународниот телевизиски канал, бидејќи нивниот основач бил убиен во терористичките напади на 11 септември во Њујорк.

Во 2004 во Алжир е прекинато емитувањето на телевизијата поради подрршка за исламистите. Премиерот на Ирак во 2004 година ја обвини телевизијата за „поттикнување омраза“, а во 2013 за „предизвикувањее верски немири“.

Израел од 2008-та ја забрани Ал Џезаира поради нивната поддршка на терористите и исламскиот фундаментализам. Една година подоцна Ерусалим воведе санкции за телевизијата и забрани визи за дописниците.

Истото го стори и Кина во 2014 поради нередите предизвикани од исламското движење во провинцијата Ксиџијанг за којшто известваше телвизија. Ал Џезаира реши во 2011-та да известува и од територијата на бивша Југославија, со седиште во Сараево.

Беа инвестирани 15 милиони евра за почеток на емитувањето на програмата. Ал Џезаира емитува од студијата во Сараево, Белград, Загреб и Скопје.

 

Марина Автовска