Репризи на две финалиња и по едно 1/2 и 1/4 финале
Атлетико – Реал и Порто - Баерн на 14, ПСЖ - Барселона и Јувентус - Монако на 15 април се четвртфиналние мечеви од елитното европско натпреварување...

23 титули тежи четвртфиналето во Лигата на шампионита. Реал, Барселона, Баерн и Пари сен Жермен од таканаречената магична четворка, потоа ланскиот финалист Атлетико и екипите што сите потајно ги посакуваа, Порто и Монако, а тие пред 11 години играа за трофејот. Во ваква конкуренција, извлекувањето и не можеше да донесе неинтересни дуели.
Атлетико – Реал и Порто - Баерн на 14, ПСЖ - Барселона и Јувентус - Монако на 15 април се четвртфиналние мечеви од елитното европско натпреварување.
По 10 месеци Атлетико добива шанса да му се одмазди на Реал за шокантниот пораз по продолженијата во финалето минатата сезона. Во шестте дуели сезонава црвено – белите немаат пораз. Затоа пак, кралскиот клуб којшто има европски 3:1 против градскиот ривал и беше поуспешен во полуфиналето во 1959-та година.
Барселона има позитивен биланс со Пари Сен Жермен 2:2:1, но беше подобра во клучните мечеви. Пред две години, каталонците ги елиминираа Французите во четвртфиналето откако во двата нерешени меча постигнаа гол повече на гости, а славеа и во финалето на Купот на куповите во 18997-та. Сезонава во фазата по групи секоја од екипите триумфираше дома.
Баерн има по два триума и нерешени и еден пораз од Порто, но тој е болен затоа што е во финалето во 1987-та. Баварците се реваншираа во две ситуации и тоа во четвртфиналињата во 1991-та и во 2000-та година.
Јувентус и Монако се соочија во полуфиналето 1998-та година, секој победуваше дома, но „старата дама“ тоа го направи со поголема разлика благодарение на хет - трикот на Дел Пјеро во Торино.
