Кошарка
ФИБА ќе решава за судбината на МКФ
20.03.2015 18:37
Димевски најави изборно собрание, но во септември по континенталниот шампионат...

Проблемите во македонската кошарка ќе ги решава ФИБА. Таква солуција најави Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски. Според него, на ваков чекор се решил за да се задржат регуларноста во домашното првенство и мирот во репрезентацијата пред Европското превенство. Димевски најави изборно собрание, но во септември по континенталниот шампионат.
Спротивно пак, Карпош Соколи како предводник на иницијативата за промени со поддршка на 20 клуба закажа вонредно собрание на 7 април.
