Марин Ле Пен ветува распаѓање на ЕУ
Сите сили на Марин Ле Пен се вложени во критиките на Европската Унија. Во годината на европските избори, таа се надева дека нејзината антиевропска реторика ќе вроди плодови и нејзините идеи ќе триумфираат во мај. Таа на своите избирачи, разочарани од класичните политички парти, немоќни да се справат со последиците од кризата, пред се невработеноста, им ветува дека ќе направи се што е во нејзина можност за да ЕУ пропадне.

Сите сили на Марин Ле Пен се вложени во критиките на Европската Унија. Во годината на европските избори, таа се надева дека нејзината антиевропска реторика ќе вроди плодови и нејзините идеи ќе триумфираат во мај. Таа на своите избирачи, разочарани од класичните политички парти, немоќни да се справат со последиците од кризата, пред се невработеноста, им ветува дека ќе направи се што е во нејзина можност за да ЕУ пропадне. За да ги убеди таа им тврди дека „огромно мнозинство од она што го поднесуваат е директна последица на одлуките наметнати од ЕУ“.
„Ние траба да продолжиме да им ги отвораме очите на Французите за европскиот ужас, и да им ја предложиме добрата смисла и модерноста на националниот модел на соработка меѓу слободните нации“-изјави Марин Ле Пен, претседателка на Национален Фронт.
Според Ле Пен, Франција го изгубила суверенитетот, сака укинување на политиката на отворени граници, повлекување од еврозоната.Таа сериозно е критикувана од сите посериозни политички аналитичари, но ја ужива поддршката од гласачите. Марин Ле Пен се надева дека таа ќе успее да создаде своја парламентарна група во ЕП, за што веќе започна да слкучува договори со другите роднински партии од Европа, како„Партијата на слободата“, на холандскиот политичар лидер на Герт Вилдерсом. Целта е да располага со поглеми средства и поголема медиумска присутност. Целта на Марин Ле Пен е остварлива. Според последните испитувања на јавното мислење, во октомври за неа имаа намера да гласаат 24 % од испитаните французи, додека за комзервативната УМП 22 и за социјалистите 19%. Марин Ле Пен по обичај е провокативна, колку нејзините предлози се реални е друго прашање. Но едно е јасно, на европските избори се очекува нејзината партија да добие рекорден број на гласови.
За МРТ од Франција, Тони Гламчевски