Скокови – Светски куп

Без светски рекорд на Планица!

20.03.2015 18:37

Во двојната словенечка победа, Петер Превц постави рекорд на Планица со 248,5 метри, а скокот во втората серија од 233 метри му беше доволен да биде подобар од Јуриј Тепеш...

Силниот ветер беше главната причина што на „Великанката“ на Планица скокачите не долетаа до светски рекорд. Сепак, претпоследното натпреварување во Светскиот куп сепак не мина без возбудувања и еден врвен резултат.

Во двојната словенечка победа, Петер Превц постави рекорд на Планица со 248,5 метри, а скокот во втората серија од 233 метри му беше доволен да биде подобар од Јуриј Тепеш, Австриецот Штефан Крафт и од Германецот Северин Фројнд.

Во пресерт на решавачките летови в недела, исто така на Планица, Фројнд има 42 бода повеќе од Превц.