Скијање - Светски куп
Екипен триумф на Швајцарија!
20.03.2015 18:39
Во финалето Холденер, Мурсие, Шабл и Шмидигер имаа девет стотинки подобро вкупно време од Шведска...

Швајцарскиот скијачки микс славеше на екипното натпреварување на завршницата на Светскиот куп во француски Мерибел. Во финалето Холденер, Мурсие, Шабл и Шмидигер имаа девет стотинки подобро вкупно време од Шведска.
Претходно, Швајцарија ги елиминираше Германија и Италија којашто во трките за третото место загуби од Австрија.
