УЕФА Европа лига – четвртфинале

Квалитетен четвртфинале состав на УЕФА Европа лигата!

20.03.2015 18:40

Тројниот и актуелен победник, Севилја ќе игра против освојувачот од 2008-ма, Зенит. Во четирите меѓусебни дуели, Севилја има три победи вклучувајќи ја и шампонската 2006-та кога беше подобра од Русите во четвртфиналето...

УЕФА Европа лигата овојпат има двојно значење затоа што победникот наредната сезона ќе игра во елитата.  Меѓу осумте најдобри во има три екипи што го освојувале трофејот, две што биле финалист и три коишто ќе се обидат да го направат најголемиот успех. Тројниот и актуелен победник, Севилја ќе игра против освојувачот од 2008-ма, Зенит. Во четирите меѓусебни дуели, Севилја има три победи вклучувајќи ја и шампонската 2006-та кога беше подобра од Русите во четвртфиналето.

Единствената титула на Наполи кој ќе гостува кај Волфсбруг е од времето на Марадона.

Кога во 1990-та кога играше за пехарот, Фиорентина во четвртфиналето го елиминираше Динамо, а беше поуспешна и 20 години претходно во Купот на шампионите. Првиот меч ќе се одигра во Киев.

Противник пак, на финалистот од 1976-та Бриж ќе му биде Дњипро и тоа на 16-ти и на 23-ти април.