Футсал - Квалификации за ЕП 2016

Македонија по чудо против Шпанија за бараж!

20.03.2015 18:43

Ќе и биде потребно или изненадување, Швајцарија да не загуби од Унгарија или сензација, да освои бод или да го совлада шесткратниот шампион Шпанија...

По скромните 7:6 против Швајцарија, македонската футсал репрезентација ќе мора преку потешкиот пат да се пробие до баражот за Европското првенство следната година.

Ќе и биде потребно или изненадување, Швајцарија да не загуби од Унгарија или сензација, да освои бод или да го совлада шесткратниот шампион Шпанија. Во игра е и трета, реална варијанта, а тоа Унгарија да не слави против Швајцарија  со огромна гол разлика, а Македонија да не загуби убедливо од Шпанија.

Нашите футсал репрезентативци утре против црвената фурија ќе играат по дуелот Унгарија – Швајцарија, па ќе знаат која комбинација би им била добитна. Преносот ќе биде на МРТ Собранискиот сервис во 18 часот и 30 минути.