Рекордни 50 поени на Харден!
Харден е девети кошаркар на Хјустон со вакво постигнување и прв по 19 години и 51-от поен на Олајџувон против Бостон. Токму славниот Хаким во друштво на легендарниот Клајд Дрекслер присуствуваа на блескавата партија на Харден...

На прославата на 20-те години од двете врзани НБА титули на Хјустон, Џејмс Харден реализираше рекордни во кариерата 50 поени за триумф против Денвер од 118:108. Харден е девети кошаркар на Хјустон со вакво постигнување и прв по 19 години и 51-от поен на Олајџувон против Бостон. Токму славниот Хаким во друштво на легендарниот Клајд Дрекслер присуствуваа на блескавата партија на Харден.
Во дуелот на екипите со најслаб ефект во западната и во источната конференција, Минесота како гостин го совлада Њујорк со 95:92 по продолжение. Јута во Лос Анџелес беше подобра од Лејкерс со 80:73, додека Феникс триумфираше против Њу Орлеанс со 74:72.
