Кошарка
Крај на АБА авантурата за МЗТ Скопје
22.03.2015 15:43
Звезда беше убедлива со 89:56, по четвртини 20:8, 25:11, 26:17 и 18:20. Зирбес беше најдобар стрелец на мечот со 19 поени, кај МЗТ Скопје таа улога ја имае Синовец, со вкупно 17 постигнати поени.

МЗТ загуби од Звезда, очекувано и со висока разлика, во натпревар што беше последен за двете екипи во, можеби, резултатски најнеизвесната АБА сезона во поновата историја на регионалното натпреварување.
Звезда беше убедлива со 89:56, по четвртини 20:8, 25:11, 26:17 и 18:20. Зирбес беше најдобар стрелец на мечот со 19 поени, кај МЗТ Скопје таа улога ја имае Синовец, со вкупно 17 постигнати поени.
Македонскиот претставник остана на дното, со 7 победи и со 19 порази, само Левски има послаб учинок од Аеродромци. Звезда го изедначи рекордот – 24 победи во регуларниот дел на јадранското кошаркарско натпреварување.
Црвено-белите, заедно со црно-белите, со Будуќност и со Цедевита, во плеј-оф форматот ќе решаваат за титулата во АБА лигата, а Металците се враќаат дома и размислуваат на нашиот шампионат. МЗТ Скопје ќе ја брани тројната круна од претходните три сезони, во кои што ожнеа се, а во оваа го загуби Купот.
Ако Звезда е најголемиот фаворит за титулата на Јадранот, тогаш таа улога во Македонија ја има МЗТ. Но, не смееме да ги заборавиме Партизан и Работнички, кои што ќе ја чекаат својата шанса и секако останатите екипи што ќе бидат инволвирани во завршниците.
Елиминациските серии во двете натпреварувања ќе се играат до три победи, а преносите ќе ги гледате на Македонската Телевизија.
