За Хиршер полни раце трофеи

22.03.2015 18:23

Место на подиумот имаше и за третопласираниот русин Александар Хирошилов. Досегашниот слаломски лидер Германецот Феликс Нојројтер беше 12-топласиран и не успеа да го сочува првото место и 55-те бода предност колку што имаше пред последата трка во сезоната.

Австриецот Марсел Хиршер со победа и со мал кристален глобус во слаломот го украси триумфот во Светскиот куп на финалето во Марибел. Хиршер како сопственик на големиот кристал поради непојавувањето на Кјетил Јансруд на стартот, со одлично второ возење ги надмина сите конкуренти и со 83 стотинки го остави зад себе најблискиот, Италијанецот Џулијано Рацоли.

Место на подиумот имаше и за третопласираниот русин Александар Хирошилов. Досегашниот слаломски лидер Германецот Феликс Нојројтер беше 12-топласиран и не успеа да го сочува првото место и 55-те бода предност колку што имаше пред последата трка во сезоната. На крајот Австриецот имаше 23 бода повеќе од Германецот и го зграпчи и слаломскиот кристал, што е трет за него во кариерата. Трет е и оваа сезона откако го присвои и најсјајниот велеслаломски. Хиршер е најдобар светски скијач оваа сезона со 160 бода повеќе од Норвежанецот Јансруд.