Фројнд му ја одзеде титулата на Превц на Планица
Словенците беа доминантни и на последниот ден во сезоната на скијачките скокови и големото финале во Планица.

Словенците беа доминантни и на последниот ден во сезоната на скијачките скокови и големото финале во Планица.
Јуриј Тепеш ја оствари првата победа во сезоната, но вкупниот триумф оди во Германија кај Северин Фројнд, кој им го расипа славјето на домашните фанови и на нивниот миленик Петер Превц, второпласиран денеска. Слатко горчливиот вкус на усните на вљубениците во скијачките летови на реновираната Планица кој остана без светски рекорд.
Најдалеку денеска таму скокна Тепеш кој во втората серија застана на 244 метри, откако во првиот обид имаше 230 и пол метри. Со овие далечини беше недостижен за домашниот губитник Петер Превц кој имаше скокови од 236 и пол и 233 и пол метри. Драматична беше завршницата зашто во подготовките на славјето на словенечката публика, Германецот Северин Фројнд го освои седмото место за студен туш. Со овој резултат Фројнд ги надополни 44 бода заостанување зад лидерот во светскиот куп Превц. Идентични 1792 бода, но кристалниот глобус отиде во рацете на Германецот кој има повеќе победи во сезоната од словенечкиот конкурент.
