Мазе не успеа, Фенингер ја одбрани титулата

22.03.2015 18:28

Во неизвесната завршница за титулата таа ја победи Тина Мазе која во Мерибел го возеше најдобриот велеслалом во сезоната, но со 46 стотинки заостанување зад Фенингер беше третопласирана што не и беше доволно за прво место.

Двојното австриско славје го потцрта Ана Фенингер која триумфираше во последниот велеслалом во сезоната и го освои големиот кристален глобус. Во неизвесната завршница за титулата таа ја победи Тина Мазе која во Мерибел го возеше најдобриот велеслалом во сезоната, но со 46 стотинки заостанување зад Фенингер беше третопласирана што не и беше доволно за прво место.

Австријката Ева Мариа Брем ја надополни радоста на Австријците откакао денеска имаше 38 стотинки послабо време зад победничката која петти пат во сезоната беше најбрза во оваа дисциплина. Фенингер втора година по ред е најдобра алпинка на планетата, а успеа да ја ја добие и теоретската битка со Брем за малиот кристален глобус во велеслаломот. На врвот во генералниот пласман фенингер има 22 бода повеќе од мазе, додека во конечниот велслаломски поредок 106 од нејзината сонародничка брем.