Како до поефикасна администрација
Стручна и ефикасна, но и деполитизирана и департизирана, јавна администрација која ќе биде сервис за граѓаните и која ќе обезбеди пофункионална пазарна економија. Ова е една од целите на новиот закон за јавна администрација.
Стручна и ефикасна, но и деполитизирана и департизирана, јавна администрација која ќе биде сервис за граѓаните и која ќе обезбеди пофункионална пазарна економија. Ова е една од целите на новиот закон за јавна администрација. Креиран е со помош на експерти од Велика Британија, Канада и Нов Зеланд, земји чии администрации се најдобро оценети во светот.За да се биде административец единствен критерум ќе биде квалитетот.Ќе се оценува просекот, но ќе се рангира и на кој универзитет кандидатот учел, ќе се гледа работното искуство, неформалното образование и познавањето на странските јазици. Тестирањата на кандидатите ќе бидат транспарентни, уверуваат од министерството за информатичко општество и администрација.
-Тестовите ќе се полагаат компјутерски. Целиот процес ќе биде сниман во живо, а резултатите од тестирањето ќе бидат објавени веднаш. Целта е да се обезбедат најдобрите кандидати за јавната администрација - рече Марта Арсовска Томовска заменик министер во МИОА.
Законот за администрација стапува на сила во 2015-та година. Оттогаш, во период од три години, значи до 2018 вработените административци треба да донесат диплома за познавање на англиски, француски или германски јазик. Ова за пониските ешалони во администрацијата значи основно познавање на јазикот, односно употреба на околу 200 зборови. Раководителите на сектори , државни советници ќе треба подобро да го зборуваат странскиот јазик но никој не е обврзан совршено да знае странски јазик. Она што ќе биде задолжително се обуките за поефикасно работење. Од стручни до етички, како побрзо и поучтиво да се услужат граѓаните.
Миле А. Ристески