Продолжи победничката серија на Голден Стејт
Во НБА лигата беа одиграни пет натпревари. Во фокусот беше продолжувањето на победничката серија на Голден Стејт, како и триумфот на Мемфис над Портланд во дербито. Најдобриот тим моментно во лигата Голден Стејт го оствари петиот триумф во низа.

Во НБА лигата беа одиграни пет натпревари. Во фокусот беше продолжувањето на победничката серија на Голден Стејт, како и триумфот на Мемфис над Портланд во дербито. Најдобриот тим моментно во лигата Голден Стејт го оствари петиот триумф во низа. 106-91 против Јута за 56 победа во 69-от двобој сезонава. Стеф Кари предводник со 24 коша со добра подршка од Барбоса кој уфрли 19.
Мемфис славеше над Портланд во дербито на вечерта во западната конференција меѓу второ и четвртопласираниот тим. 97-86 за Гризлис, најзаслужен за победата беше Мајк Конли со 21 поен и 9 асистенции, гостите покрај поразот останаа и без повредениот Олдриџ. На другите двобои, Феникс го изненади Хјустон и го совлада на негов паркет со 117-102, гостинска победа донесе и Бруклин од Индијана со 123-11, додека Детроит беше вториот тим што ја спаси честа на домаќините во мечот со Чикаго, 107-91.
