Фудбал

Пелистер, среќник

22.03.2015 23:28

Вардар и Пелистер одиграа нерешено 1:1 во дербито на 21 коло од Првата фудбалска лига. Подвиг на колото направи Тетекс со победата над Шкендија со 1:0. Металург и Хоризонт одиграа нерешено 0:0.

Вардар и Пелистер одиграа нерешено 1:1 во дербито на 21 коло од Првата фудбалска лига. Поведе Вардар во 17-та минута со голот на Ибричиќ. Пелистер израмни во првата минута од судиското надополнување! По слободниот удар на Тодоровски голема грешка направи голманот на Вардар Пачовски, овозможувајќи им на битолските фудбалери среќно освоен бод. Подвиг на колото направи Тетекс со победата над Шкендија со 1:0. Металург и Хоризонт одиграа нерешено 0:0.

Прва лига 21 коло:

Вардар-Пелистер  1:1

Шкендија-Тетекс  0:1

Металург-Хоризонт 0:0

Вчера:

Работнички-Брегалница  0:0

Ренова-Силекс     0:0

 

Табела:

1.Вардар          48

2.Работнички   45

3.Шкендија      37

4.Ренова          32

5.Силекс          30

6.Металург      26

7.Хоризонт      22

8.Пелистер      19

9.Брегалница   17

10.Тетекс          9