Фудбал

Симеоне во Атлетико до 2020 година!

24.03.2015 11:08

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне останува на „Калдерон“ до 2020 година!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне останува на „Калдерон“ до 2020 година! Според шпанските медиуми, преговорите се финализирани и во текот на денот Симеоне ќе стави потпис на новиот договор. Поединостите од договорот ќе бидат соопштени после потпишувањето. Новиот екстензивен договор со 44-годишниот аргентински стратег ќе е дел од „Проектот 2020“ инвестиран од групацијата „Ванда“, според кој Атлетико Мадрид во следните пет години би израснал во еден од најголемите клубови во Европа. Симеоне во 2011-та година дојде на „Калдерон“ и со екипата на Атлетико ја освои Лигата на Европа, првенството и Купот на Шпанија, а минатата година играше и во финалето од Лигата на шампионите.