Харден со 44 коша против Индијана
Харден со 44 коша ја потопи Индијана, иако дури 21 погодок постигна од линијата за слободни фрлања. Запиша и седум асистенции и четири скокови, комплетирајќи уште едно издание со коешто чекори кон признанието за најкорисен играч во сезоната.

Во НБА Лигата, нова една феноменална вечер имаше Џејмс Харден во дресот на Хјустон. Како главен играч на Рокитс по повредата на Двајт Хауард, Харден со 44 коша ја потопи Индијана, иако дури 21 погодок постигна од линијата за слободни фрлања. Запиша и седум асистенции и четири скокови, комплетирајќи уште едно издание со коешто чекори кон признанието за најкорисен играч во сезоната. Нанесувајќи им го шестиот последовен пораз на Пејсерс, Хјустон победи со 110-100 и со 47-от триумф годинава е трет на табелата во западната конференција зад екипите на Голден Стејт и на Мемфис.
Лидерската позиција во целата лига, Вориорс ја потврдија со убедлива победа и над Башингтон. Голден Стејт славеше со 107-76, откако пресуден беше третиот период којшто домашниот тим го доби со 29-8. Чикаго математички обезбеди настап во плеј-офот со триумфот над Шарлот од 98-86, Минесота на гости се радуваше против Јута со 106-104, Бостон на туѓ паркет го совлада Бруклин со 110-91, а на противнички терен славеше и Мемфис, во Њујорк, со 103-82.
