Ракомет - Лига на шампиони четвртфинале

Вардарци го сакаа и го добија Киелце!

24.03.2015 15:37

Желбата им се оствари, ракометарите на Вардар ќе играат против Киелце во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Како првопласиран во групата, полскиот првак ќе ја има предноста на домашниот терен во реваншот.

Желбата им се оствари, ракометарите на Вардар ќе играат против Киелце во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Како првопласиран во групата, полскиот првак ќе ја има предноста на домашниот терен во реваншот. Првиот натпервар ќе се одигра во Скопје на 11 или на 12 април.

Во елитната осумка немаше лесни противници, но црвено - црните посакуваа двомеч со 11 кратниот полски шампион пред денешното извлекување во Виена. Минатата сезона на Вардар за гол не се пласираше на завршниот турнир на којшто пред две години Киелце го освои третото место.

Полјаците имаат феноменална сезона, па дури по 11 победи по ред загубија во осминафиналниот возвратен дуел со Монеплје, но  со скромни два гола разлика. За Вардар ова ќе бидат први дуели со Киелце кој во сезоната кога играше на фајнл – фор четирипати славеше против Металург, во четвртфиналето и во фазата по групи. Пред 19 години пак, Пелистер ја елиминираше полската екипа во четвртфиналето на Купот на куповите и тоа благодарение на победата од десет разлика во Битола. Четвртфиналните пресметки ќе бидат раритетни поради соочувањето на синот и таткото Душебаеви, вардаровиот Алекс и шпанскиот стратег на полската клупа, Талант.

Во другите дуели: Лазаров ќе игра против својот поранешен клуб, рекордерот со осум европски титули Барселона ќе гостува кај Загреб којшто има само една победа во 17-те меча со шпанскиот гигант.

ПИК Сегед којшто го елиминираше Рајн Некар ќе и се спроти на единствената германска екипа и троен првак Кил којшто беше подобар во двата претходни меѓусебни меча.

Голема незивесност ќе понуди дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Веспрем. Минатата сезона Унгарците двапати славеа во четвртфиналните натпревари.