Фудбал - Квалификации за ЕП 2016

Победата е императив за Македонија против Белорусија!

24.03.2015 15:40

Победата против Белорусија се наметнува затоа што македонската фудбалска репрезентација нема други опции по трите порази и единствениот триумф против Луксембург во квалификациите за Европското првенство.

Поединечно противникот е искусен, но е со сличен квалитет и ранк, Белорусите имаат само бод и три врзани порази во групата Ц.

И дефинитивно денешните лекарски прегледи потврдија дека Адеми поради повреда ќе го пропушти дуелот в петок. Многу веројатно и Mатиќ бидејќи ФИФА се уште не испратила сертификат. Селекторот Ѓуровски нејверојатно нема дополнително да повикува нов фудбалер.

Натпреварот на „Националната Арена“ со пренос на МРТ1 во 20 и 45 ќе го суди Англичанецот Ентони Тејлор, а ке му асистираат некогашните помошници на Хауард Веб, Маларки и Ингланд.