Започна Вевчанскиот карневал 2014 под мотото „Биди и ти вистински василичар!“

10.01.2014 16:55

Преку маските и годинава вевчанци на специфичен начин ќе ја покажат својата дарба за хумор и сатира, а секако нема да изостанат и традиционалните маски Зет, Невеста и Глупавиот Август. Под мотото „Биди и ти вистински василичар!“ денеска во Вевчани почнува годинашното издание на Вевчанскиот карневал, манифестација позната како спој на паганството и традицијата со која на специфичен начин се одбележуваат настаните што ја одбележаа годината што помина.

Преку маските и годинава вевчанци на специфичен начин ќе ја покажат својата дарба за хумор и сатира, а секако нема да изостанат и традиционалните маски Зет, Невеста и Глупавиот Август. Под мотото „Биди и ти вистински василичар!“ денеска во Вевчани почнува годинашното издание на Вевчанскиот карневал, манифестација позната како спој на паганството и традицијата со која на специфичен начин се одбележуваат настаните што ја одбележаа годината што помина.

- Пред се бисакал да го искажам моето задоволство што ја имаме вашата поддршка и оваа година, кога станува збор за проследување на сите содржини поврзани со Василичарскиот карневал. Огромна чест ми е што за  прв пат како Градоначалник на Вевчани, ја организираме оваа манифестација која е од големо значење за секој Вевчанец. Веќе имаме одличен одзив и најавени се многу гости за овогодишниот карневал ,меѓу кои секако неизбежно е  и присуството на дипломатскиот кор.

Со гордост можам да кажам дека главен адут на карневалот оваа година е гостопримството, па во таа насока жителите на целата општина се подготвени за соодветен дочек на сите посетители.

Интересни содржини за посетителите од сите возрасти како што се детско василичарко катче за изработка на маски, натпревари во цепење дрва, тркалање буриња, влечење јаже, но и многу богата музичка програма која ќе се одвива во текот на сите карневалски денови се нештата по кои Вевчански карневал 2014 ќе се разликува од претходните. Секако уникатноста на групните маски е нешто по кое овој карневал ќе биде издвоен од останатите, па можам само да откријам дека акцентот на василичарските маски ќе биде ставен не само на политичките случувања, туку и на другите моменти од културно-забавниот и економскиот живот во Македонија.

Очекувам успешен карневал, многу смеа и секако зголемување на бројката на посетителите, истакна градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски.

Годинава ќе биде отпечатен и Прирачник за василичари со програмските содржини и мал речник на вевчански изрази. Во прирачникот, кој ќе биде отпечатен, ќе биде објавена и мапа на општината каде ќе се одвиваат активностите.

Карневалот се одржува под покровителство на Владата и Министерството за култура, а е потпомогнат од повеќе компании.

Во продолжение во целост Ви ја претставуваме Програмата на Вевчанскиот карневал 2014.

 

ПРОГРАМА НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ 2014

 

10.01.2014 (Петок)

18:00 часот

Клуб на пензионери

Трибина на тема: Во одбрана на македонското име и македонскиот идентитет

Учесници: Ристо Никовски – амбасадор и публицист и

Членовите на Македонскиот манифест писателот Ефтим Плетников, проф. Д-р Стефан Мицов Влахов и публицистот Ѓорѓи Барбароски

11.01.2014 (Сабота)

13:00 часот

Клуб на пензионери

Матине на афоризми “Жената е жена”.

Учесници: Миле Ѓорѓијоски, Љупка Лазарова, Димитар Вилазорски, Витомир Долински и Сашо Бетоски

18:00часот Годишен концерт на КУД Дримкол

20:00 часот „Празнични обреди, песни и ора од Вевчани„ - Новогодишен концерт на КУД Дримкол (Дом на култура – Вевчани)

12.01.2014 (Недела)

11:00 – 18:00 Детско катче (Изработка на маски) Клуб на пензионери

12:00 – 14:00 Пазариште - Промоција на CD аудио на “Оркестар со зурли и тапани Вевчани”. Промотор: Сашо Митев (шеф на отсек на народни инструменти при ансамбал Танец)

15:00 - 17:00 Тура до Вевчански Извори

20:00 – 02:00 Изложба на фотографии (Групни Маски 2003 – 2013 година) на Илија Мурџески

20:30 – 21:30 ДЈ Боби (Сити Радио)

21:30 – 21:45 Натпревар во цепење дрва

21:45 – 21:55 Натпревар во пиење вино

22:00 – 23: 00 Куку леле

23:00 – 00:30 Ван Гог

00:30 – 02:00 Ѓоко Танески

13.01.2014 (Понеделник)

11:00 – 18:00 Детско катче (Изработка на маски) Клуб на пензионери

13:00 – ВИП – коктел (општинска зграда)

13:00 – 15:00 Василичарска поворка

15:00 - 18:00 Посета на домаќинства (одбележани на мапата)

15:30 - 16:30 Етно свирка – Теодулија (Србија) Амфитеатар

20:00 – 02:00 Изложба на фотографии (Групни Маски 2003 – 2013 година) на Илија Мурџески

20:30 Почеток на музичка програма

20:30 – 20:45 Натпревар во буткање рака

20:45 – 21:00 Натпревар во пиење ракија и јадење луканци

21:00 – 22:30Теодулија бенд (Србија)

22:30 – 23:30Ефто Пупиновски

23:30 – 23:45 Избор на најдобра маска и доделување на Буре со Вевчанска Крв – Вино Стоби

23:30 – 01:00 Миле Кузмановски

01:00 – 02:30 Сузана Спасовска

02:30 – Средба на извори

 

Новинар: Јованчо Наумоски