Ракомет

Круна на сезоната

24.03.2015 22:21

Веспрем е подготвен за завршницата на СЕХА регионалната лига. 5 екипи се веќе во малото гратче на југозападот од Будимпешта во очекување на утрешниот старт на натпреварите на завршниот турнир во регионалното ракометно натпреварување.

Веспрем е подготвен за завршницата на СЕХА регионалната лига. 5 екипи се веќе во малото гратче на југозападот од Будимпешта во очекување на утрешниот старт на натпреварите на завршниот турнир во регионалното  ракометно натпреварување. Недостасува уште двојниот и актуелен шампион Вардар,но црвено црните заедно со домаќинот Веспрем првите натпревари ќе ги одиграат  в петок во полуфиналето против победниците од дуелите Мешков – Нексе и Загреб - Татран.

На денешната пресконференција на 4-те екипи кои според пласманот од 3-тото до 6-тото место во регуларниот дел од сезоната обезбедија настап на завршниот турнир, беше истакнато задоволството да се биде дел од финалната фаза на лигата која за 4 сезони прерасна во силно натпреварување во регионот и е на рангот на најсилните европски лиги. Според директорот на СЕГА, Синиша Остојиќ наредните неколку дена во Веспрем ќе бидат круна на добрата сезона што ќе кулминира со врвен ракомет во кој ќе можат да уживаат гледачите во распродадената сала, но и љубителите на ракометот во Европа.

„Горди сме што 3 од 6-те екипи на завршниот турнир се дел и од четвртфиналето во лигата на шампионите што е доказ за квалитетот и силата на СЕХА лигата“-истакна Остојиќ.