Кошарка – БИБЛ!
И покрај победата Куманово без полуфинале!
24.03.2015 22:23
Кошаркарите на Куманово не се пласираа во полуфиналето на Балканската лига иако во четвртфиналниот реванш го совладаа Рилски спортист со 107:101 по продолжение.

Кошаркарите на Куманово не се пласираа во полуфиналето на Балканската лига иако во четвртфиналниот реванш го совладаа Рилски спортист со 107:101 по продолжение.
Кумановци во Бугарија загубија со 12 поени разлика, по четири периоди дома беа подобри со 100:88, но во БИБЛ не важи правилото повеќе гостински кошеви, па дополнителните пет минути му припаднаа на Рилски спортист со 13:7. Најефикасен на натпреварот беше Костовски со 29 поени.
Македонија ќе има претставник во четвртфиналето кадешто директно влезе Кожув којшто ќе игра со поуспешниот од двомечот Приштина - Крајова.
