4 желби за 2 места во 1/2 финале
Оптимизам, надеж, желба да се одигра добро и да се обезбеди полуфинале на завршниот турнир на СЕХА регионалната ракометна лига што денеска почнува во Веспрем.

Оптимизам, надеж, желба да се одигра добро и да се обезбеди полуфинале на завршниот турнир на СЕХА регионалната ракометна лига што денеска почнува во Веспрем.
За прв пат во 4 годишната историја на регионалното натпреварување на завршниот турнир учествуваат 6 екипи.Двете најдобри од регуларниот дел Веспрем и Вардар обезбедија директен настап во полуфиналните натпревари в петок,додека екипите на Мешков, Загреб, Татран и Нексе кои се пласираа од 3-тата до 6-тата позиција во меѓусебни дуели ќе треба да се изборат за настап во полуфиналните мечеви. Завршниот турнир ќе го отворат Мешков и Нексе од 17 часот и 45 минути. Фаворитската улога е кај белорускиот претставник кој во дуелите со дебитантот на завршните турнири Нексе има 4 победи,1 реми и само 1 пораз.Тренерот на екипата од Нашице Зденко Корди е свесен за фаворитската улога на Мешков,но најавува најдобра можна игра на неговиот состав и покрај фактот дека се среќаваат со одличен тим.Во регуларниот дел на сезоната Мешков ги доби двете средби идентично со 3 голови разлика.Средба интересна и за нас бидејќи победникот во полуфиналето в петок ќе игра со нашиот Вардар.
Татран –Загреб од 20 часот и 15 минути е вториот натпревар од денешната програма што во полуфиналето ќе го даде противникот на домаќинот Веспрем во 1/2финалето.
Билансот на досегашните меѓусебни дуели е израмнет.По 4 победи и 1 реми,но Загреб сезонава ги загуби двата натпревара.Предводникот на загрепчани Веселин Вујовиќ е желен за реванш ,се надева на трета среќа,иако како што истакна неговата екипа е уморна од гостувањето во Копенхаген, елиминацијата на Колдинг и обезбеденоито 1/4 финале во лигата на шампионите. Тренерот на Татран е свесен за квалитетот на Загреб особено од виденото против данците,но се надева на полуфинале со домаќинот в петок сложувајќи се со тренерите на другите три екипи дека публиката во Веспрем Арената ќе следи одличен ракомет како убава најава за возбудувањата што ќе следуваат.
