Фудбал

Белорусија се подготвува во Минск

25.03.2015 12:52

Пред три дена фудбалската репрезентација на Белорусија ги започна мини подготовките за претстојниот натпревар од квалификациите за ЕП 2016 против Македонија.

Пред три дена фудбалската репрезентација на Белорусија ги започна мини подготовките за претстојниот натпревар од квалификациите за ЕП 2016 против Македонија. Во АБФФ тренинг кампот во Минск, на располагање на селекторот Александар Хацкевич се 23-ца фудбалери.

Стратегот на Белорусија беше принуден да направин една измена во однос на првичниот список на репрезентативци: на место на Максим Жавнерчик, повикан е напаѓачот на „Минск“, Александар Макас. Утре експедицијата на Белорусија ќе допатува во Скопје. За 18 часот на „Филип Втори Арената“ е закажана прес-конференција со македонските новинари,  а во 18.30 белорускиот тим ќе тренира на теренот на кој в петок ќе се одигра натпреварот меѓу Македонија и Белорусија.