Дебитантот оди на резултат во Скопје против Македонија
Фудбалската репрезентација на Белорусија на квалификацискиот дуел за ЕП со Македонија в петок во Скопје доаѓа со селектор дебитант. Александар Хацкевич денеска ја имаше и првата официјална средба со новинарите на пресот во Минск.

Фудбалската репрезентација на Белорусија на квалификацискиот дуел за ЕП со Македонија в петок во Скопје доаѓа со селектор дебитант. Александар Хацкевич денеска ја имаше и првата официјална средба со новинарите на пресот во Минск.
Преставниците на медиумите имаа безброј прашања за новиот предводник, но за нас најинтересни се неговите одговори поврзани со натпреварот на Филип Втори Арената.
Хацкевич истакна дека се подготвува за двобој на две селкции кои посакуваат победа за поправање на комплетниот впечаток по претходните неубедливи квалификациски настапи:
„Македонија покажува две лица во овој циклус. Дома игра сосема поинаку од гостувањата. Многу поофанзивно, но без реализација што беше најилустративно на мечот со Словачка, па и во Украина. Сега, секако дека очекуваат победа, но многу работи ќе зависат и од нас“, рече белорускиот селектор на денешниот прес.
Во тој контекст, Хацкевич најави тактички новини во играта на својот национален тим:
„Ќе играме поагресивно, во тоа сум сигурен. Офанзивно ќе бидат ориентирани пет до шест фудбалери, секако не во секој напад, но ќе инсистирам да биде така. Се зависи и од тоа како ќе се однесува противникот“. Таков состав и подготвувам, искусна екипа од која ќе барам резултат, зашто овој циклус не е загубен а неопходно ни е враќање на самодовербата“. 70 % од составот го имам но се е можно до петок, изјави Хацкевич, кој е задоволен од формата на 33 годишниот повратник во селекцијата, Алексанер Хлеб.
Белорусите доаѓаат утре во Скопје, кога и ќе го одржат единствениот тренинг пред мечот со Македонија што се игра в петок со директен пренос на МТВ од 20.45.
