Кошарка - НБА

Уникатен рекорд на германскиот суперстар Новицки, Г. Стејт прв на „пацификот“ по речиси 4 децении

25.03.2015 17:39

Дирк Новицки обезбеди место во историјата, откако го прослави својот 10.000 скок во НБА лигата. Подвигот е уште позначаен ако се знае дека во комбинација со 25.000 поени и по 1.000 блокади и постигнати тројки тој е единствен со вакви остварувања.

Дирк Новицки обезбеди место во историјата, откако го прослави својот 10.000 скок во НБА лигата. Подвигот е уште позначаен ако се знае дека во комбинација со 25.000 поени и по 1.000 блокади и постигнати тројки тој е единствен со вакви остварувања. Претходно во текот на сезоната 36 годишниот Германец дојде до 7 место на листата на стрелци, како најдобар неамериканец, а 2010 беше МВП на финалето во единствената титула на Далас.  Во дуелот со омразениот тексашки ривал Сан Антонио неговиот тим славеше со 101 : 94 и до крајот и двата тима ќе се борат за место повисоко пред постсезоната.

Голден Стејт ја обезбеди првата позиција во „пацифик“ дивизијата првпат по 39 години, со гостинската победа над Портланд од 122 : 108. Најзаслужен за 58 победа сезонава беше Лилард со 29 поени. Оклахома Сити љубоморно ја чува 8 позиција на западот по успехот над ЛА Лејкерс 127 : 117, Детроит беше подобар од Торонто 108 : 104, Милвоки миминално го совлада Мајами 89 : 88 а со поен разлика славеше и Сакраменто против Филаделфија 107 : 106.