Ракомет
Сакам да ја почувствувам силата на Вардар
25.03.2015 21:47
„Му се радувам на натпреварот со Вардар.Сакам да почуствувам на своја кожа колку е силен Вардар“-изјави по победата над Нексе стратегот на белорусите.

Актуелниот и двоен победник на СЕХА ракометната лига,екипата на Вардар во полуфиналето на завршниот турнир во Веспрем ќе игра против белоруски Мешков. Во натпреварот за пласман во полуфиналето во кое Вардар обезбеди дитектен настап, Мешков го совлада Нексе со 28-24.
„Му се радувам на натпреварот со Вардар. Сакам да почуствувам на своја кожа колку е силен Вардар“-изјави по победата над Нексе стратегот на белорусите.
Полуфиналето е в петок од 17 часот и 45 минути со пренос на МТВ, а вардарци во Веспрем ќе пристигнат утре, според последните информации без повредениот Дибиров.
