Светот денеска

Силна битка за местото на Ештон

10.01.2014 17:02

Шефот на шведската дипломатија Карл Билд има најголеми шанси да ја преземе функцијата на Кетрин Ештон, шпекулираат британските медиуми. Меѓу кандидатите е и словенечкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак. Претседателот на Европскиот парламент ги негираше информациите дека и тој ќе се кандидира за функцијата. Изборите ќе се одржат во мај.

Кина

Шефот на шведската дипломатија Карл Билд има најголеми шанси да ја преземе функцијата на Кетрин Ештон, шпекулираат британските медиуми. Меѓу кандидатите е и словенечкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак. Претседателот на Европскиот парламент ги негираше информациите дека и тој ќе се кандидира за функцијата. Изборите ќе се одржат во мај.

Кина

Кина верува дека ги претекнала САД и дека сега е водечка трговска сила во светот. Според официјалните државни податоци, кинеската трговија бележи скок од 7,6 насто и ги достигна рекордните 4,16 милијарди долари. САД се уште не излегле со официјални податоци. Во меѓувреме, владејачката Комунистичка партија казни 182.000 официјални лица во борбата против корупцијата.

Египет

Најмалку едно лице загина во денешните судири во Александрија меѓу приврзаниците и противниците на соборениот претседател Мохамед Морси. Во другите делови од земјата полицијата уапсила дестина исламисти кои бараат враќање на Морси. Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата користела солзавец за да ги растера демонстрантите.

Словенија

Словенечката царина се реши на необичен чекор – онлајн продажба на конфискувана долна облека и костими за капење.„Ова не е распродажба. Нудиме 2707 предмети во пакет. Цената е над 10 илјади евра. Помала цена нема да биде земена предвид“, изјави Тјаша Наралочник, потпарол на словенечка царина.Долната облека била конфискувана по банкротот на текстилната компанија Бета.

САД

Портпаролката на Стејт департментот Џејн Псаки изрази загриженост за се подлабоката криза со која се соочува Анкара по корупциската афера на министри од Владата на Ердоган. Таа нагласи дека по разговорите со сите страни, САД  јасно ја поддржуваат желбата на турскиот народ за законски систем што ќе ги исполнува највисоките стандарди на отвореност, навременост и транспарентност. Псаки повтори дека Турција останува клучен сојузник на САД. Во меѓувреме, турската Влада  поднесе предлог-закон со кој ќе се воспостави строга контрола на интернетот, пред се, следење на корисниците или блокирање на некои клучни зборови, а кој ќе може да го ограничи пристапот до видеосајтовите за секој корисник. 

Марија Петковска