Кошарка - НБА
Нов триумф на Македонецот
26.03.2015 12:38
Перо Антиќ ја прекина низата од три порази, со учинок 5 поени и 4 прифартени топки, за 22 минути поминати на паркетот, во победата на Атланта кај Орландо, 83:95.

Перо Антиќ ја прекина низата од три порази, со учинок 5 поени и 4 прифартени топки, за 22 минути поминати на паркетот, во победата на Атланта кај Орландо, 83:95. Ова беше прва радост за најдобрата екипа на Истокот, по најдолгата негативна серија сезонава. На табелата, Хокс имаат 54/17, пред Кливленд со 47/26.
Кавалирс под водство на триото создадено за титула, Џејмс-Ирвинг-Лав, ги приземјиа Мемфис Гризлис, со 111:89.
Сан Антонио немаше милост кон Оклахома, славејќи со 130:91. Харден реализира нов дабл-дабл во тесната победа на Хјустон против Њу Орлеанс, 93:95.
Лејкерс во дерби пресметката на отпшаните, победија против Минесота Тимбервулвс, со 99:101.
На другите средби, одиграни синоќа во НБА лигата:
Шарлот – Бруклин 88:91
Њујорк – ЛА Клиперс 80:111
Торонто – Чикаго 103:116
Вашингтон – Индијана 101:103
Бостон – Мајами 86:93
Денвер – Филаделфија 85:99
Јута – Портланд 89:92
Феникс – Сакраменто 99:108
