Ракомет

Вардар подготвен за одбрана на титулата во СЕХА

26.03.2015 15:31

„За нас СЕХА лигата е многу важна, знаеме дека мора да бидеме максимално фокусирани на првиот меч против Мешков. Тие се одлична екипа, имаат добар тренер и играат квалитетен ракомет“ - изјави на денешниот прес стратегот на вардарци Раул Гонзалес.

Иако без повредените Дибиров, Брумен и Абутовиќ, актуелниот шампион на СЕХА регионалната ракометна лига на завршниот турнир во Веспрем допатува подготвен да ја одбрани титулата од минатата сезона.

„За нас СЕХА лигата е многу важна, знаеме дека мора да бидеме максимално фокусирани на првиот меч против Мешков. Тие се одлична екипа, имаат добар тренер и играат квалитетен ракомет“ - изјави на денешниот прес стратегот на вардарци Раул Гонзалес.

Полуфиналниот дуел вардарци ќе го одиграат утре од 17 часот и 45 минути во Веспрем арената против екстрамотивираниот противник – белоруски Мешков.

„Верувам дека натпреварот ќе биде многу интересен,тактички добро сме подготвени и ќе бидеме на високо рамниште. Можеби како никогаш досега посакувам да го победиме Вардар“-вели тренерот на Мешков ,Жељко Бабиќ.