Фудбал

Фудбалска битка со многу императиви

27.03.2015 13:19

На половина пат од квалификациите Македонија се соочува со Белорусија. Натпревар со многу императиви! Таков е моментот!Дуел на две репрезентации, кои во групата заостанаа зад,засега натпреварувачки побрзите од себе.

На половина пат од квалификациите Македонија се соочува со Белорусија. Натпревар со многу императиви! Таков е моментот! Дуел на две репрезентации, кои во групата заостанаа зад, засега натпреварувачки побрзите од себе. И ниормално, очајнички посакуваат победа и опстанок во трката, за теоретски сеуште достижното трето место. Кој ќе победи ќе го продолжи натпреварувачкиот живот со свое влијание  во квалификациите.Во спротивно, следи крах! Како домаќин, притисокот е врз Македонија.

Селекторот Бошко Ѓуровски прецизно ја лоцира суштината на денешното надигрување , во моментов, како битка за 4-то место во групата. Ако ја мине Белорусија ќе и побегне за 5 бода, ќе и ги урне натамошните амбиции. Ако победи, Македонија ќе влезе во  следната битка со Украина за место повисоко во редоследот! Но, сево ова се желби, а стварноста е тешка и од натпреварувачки и од психолошки аспект. Недоволната уиграност, лошата ефикасност, можеби и тешкиот терен натопен од дождот, сето тоа вечер ќе мора да се надмине против селекција, која не е атрактивна, но која има добри поединци.

Белорусија споредена со Македонија  е селекција со сличен рејтинг во светот на фудбалот, со идентично минато, со ист број на натпреварри во квалификациите за Европското првенство, а подударноста да биде поголема и со ист број од 11 победи од 1994 година наваму, колку што има и нашата репрезентација. Во натпревар без пардон, Македонија и Белорусија го отвораат поглавјето на меѓусебни дуели. Дел од моментот ќе и англискиот арбитар Ентони Тејлор,кој вечер на Филип Втори Арената ќе го суди првиот свој натпревар од официјален карактер!

Квалификации за ЕП 2016-„Ц“ група-5 коло

Македонија-Белорусија 20.45- пренос МТВ

Словачка-Луксембург

Шпанија-Украина

Табела:

1.Словачка           12

2.Шпанија              9

3.Украина              9

4.Македонија         3

5.Белорусија          1

6.Луксембург          1