Шампионот поразен во полуфинале
Актуелниот шампион на СЕХА регионалната ракометна лига, екипата на Вардар нема да ја брани титулата откако беше поразана во полуфиналето на завршниот турнир од Мешков со 32-28.

Актуелниот шампион на СЕХА регионалната ракометна лига, екипата на Вардар нема да ја брани титулата откако беше поразана во полуфиналето на завршниот турнир од Мешков со 32-28.
Во дуелот на минатогодишните финалисти, белорускиот состав го контролираше натпреварот и резултатот од самиот почеток и на крајот успеа да слави против играчки ослабениот вардар кој настапи без Дибиров, Брумен и Абутовиќ. Секако, тоа не може да биде оправдување за на моменти „бескрваната“ игра на црвено-црните за кои се стекна впечаток дека со мислите веќе се на четвртфиналниот натпревар со Киелце во лигаата на шампионите. Се што успеа да направи Вардар во второто полувреме во кое влезе со негатива ос 5 голови (11-16) беше да се доближи на 2 разлика, но не и да се избори за комплетен пресврт.
В недела во мечот за 3-тото место на завршниот турнир на СЕХА лигата во Веспрем, Вардар ќе го очекува поразениот од вророто полуфинале меѓу Веспрем и Загреб.
