Шампионот само 4-ти
Екипата на сеуште актуелниот СЕХА шампион Вардар го загуби натпреварот за третото место на завршниот турнир на регионалното натпреварување од составот на Загреб со 26-23.

Екипата на сеуште актуелниот СЕХА шампион Вардар го загуби натпреварот за третото место на завршниот турнир на регионалното натпреварување од составот на Загреб со 26-23.
Во главно израмнет натпревар Заагреб го доби првото полувреме со 11-10, Вардар се врати на почетокот на второто со серија од три гола,но веднаш потоа исто толку и прими,па клучен момент беше периодот од 50 до53-тата минута кога Загреб поведе со 3 разлика и ја зачува предноста до крајот.
Во отсуство на повредените Абутовиќ, Дибиров и Брумен и со болниот Штербик на клупата во црвено црниот дрес најефикасен беше Марковиќ со 5 погодоци, Стоилов, Шишкарев и Карачиќ постигнаа по 4, додека во составот на Загреб Обрановиќ и Брозовиќ по 5 пати се запишаа во листата на стрелците.
Новиот СЕХА шампион ќе се решава во мечот меѓу домаќинот Веспрем и белоруски Мешков.
