Ракомет

Веспрем е новиот СЕХА шампион

29.03.2015 20:15

Се чини и неможеше да биде поинаку. 5000 френетични гледачи го понесоа домаќинот и организаторот на завршниот турнир на СЕХА регионалната ракометна лига кон нова победа.

Се чини и неможеше да биде поинаку. 5000 френетични гледачи го понесоа домаќинот и организаторот на завршниот турнир на СЕХА регионалната ракометна лига кон нова победа. Во големото финале немаше дилеми, Веспрем ја потврди супериорноста демонстрирана и во текотна регуларниот дел и славеше убедливо во дуелот со Мешков со 32-20. Само 15 минути белорусите успеваа да парираат, до 6-6, а потоа се беше под знакот на унгарците. Го зголемуваа водството без на противникот да му дадат шанса да помисли на резултатско враќање.

Маргуч и Угалде со 9 односно 8 погодоци беа најефикасни во победничкиот состав со стандардно добриот Миклер на голот.