Ракомет

Чема најкорисен играч во СЕХА

29.03.2015 20:24

Вообичаено за завршните турнири е изборот на идеалниот тим на натпреварувањето. За најкорисен (МВП) играч на завршниот турнир на СЕХА лигата во Веспрем е избран ракометарот на новиот шампион Веспрем, Чема Родригез.

Нaјдобар голман е Миклер од Веспрем, од шампионскиот тим е и најдоброто десно крило Маргуч, како и десниот бек Наѓ. За најдобар пикер е избран Стојковиќ од Мешков, неговиот клупски колега Никуленкау е најдобриот централен бек, лево од него признанието го понесе Обрановиќ од Загреб, а најдоброто лево крило е Антл од екипата на Татран.