Филателизам-хоби кое изумира

10.01.2014 17:11

Колку често праќаме писма преку пошта?

Колку често праќаме писма преку пошта? Интернетот и електронската комуникација, брзиот достап преку популарниот е-мејл, но и социјалните мрежи го ставија во втор план традиционалното пишување писма и нивното пуштање преку пошта. Данокот на новите трендови е и во намалување на интересот кај граѓаните кои се занимаваат со собирање поштенски марки. Сепак, познатите филателисти велат дека ова хоби не смее да замре, бидејќи поштенските марки се дел од историјата на секоја држава. Издавањето поштенски марки е пишување на поштенската историја на државата. Промоцијата на значајните стопански објекти, но и личности од сопствената земја се важни и за идентитетот и традицијата на еден народ. Младите треба да се едуцираат за значењето на поштенските марки, децидни се и филателистите и од Агенцијата за пошти. Во далечната 1903 година биле издадени првите поштенски марки во Македонија, но официјално не се признаени.

Катерина Дафчева