Во Брисел дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

30.03.2015 08:58

Позициите на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата ќе ги застапува актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски, а на СДСМ заменик-претседателот Радмила Шеќеринска...

Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит денеска во Брисел ја организираат првата директна средба на претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, за надминување на политичката криза во Македонија со посредство на Европскиот Парламент.

Според најавите, средбата ќе се одвива зад затворени врати. Нема детали за евентуално учество на претставници на Комесаријатот за преговори за проширување, кој го раководи Јоханес Хан, или на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини.

Позициите на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата ќе ги застапува актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски, а на СДСМ заменик-претседателот Радмила Шеќеринска.