„Лебедово езеро“ вечерва на сцената на МОБ

31.03.2015 09:25

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Ѓорѓе Павловиќ од Србија. Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ...

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, која е ремек дело на балетската класика.

„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат: во улогата Одета/Одилија, Мими Поп Алексова Атанасовска; улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува гостинот од Србија Јован Веселиновиќ; Ротбарт- Игор Веланоски; Па де Труа: Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска и Гиорги Беридзе (Грузија).

Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Ѓорѓе Павловиќ од Србија. Настапува комплетниот балетски ансамбл на МОБ.

Во исто време, првенците на Балетот на МОБ, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили ќе гостуваат во Народно позориште во Сараево во претставата „Дамата со камелии“.