Подобри временски услови- почнуваат подготовките за пролетната сеидба
30.03.2015 11:45
Неделава ќе има подобри временски услови. Во земјодеството високите температури ќе ја намалат влажноста во почвата, и ќе може да почне наглото будење на вегетацијата...

Неделава не очекува стабилно време без врнежи и повисоки температури. Според агрометеорологот, Ангелко Ангелески тоа ќе овозможи постепено сушење на почвата и почнување на подготовките за пролетната сеидба.
Повисоките дневни температури на воздухот ќе придонесат и за нагло будење на вегетацијата,но и за опасност од штети од измрзнувања.
Ризик од појава на пролетни мразови сеуште постои бидејќи последните критични датуми за нивното јавување не се поминати.
Методија Трајков
