Жителите на Дабиле бараат итно решавање на долгогодишниот инфраструктурен проблем

30.03.2015 11:53

Длабнатина на патот во близина на струмичкото село Дабиле и при најмал дожд е причина за поплави во домовите на жителите. Одамна нерешениот проблем, за кој тие неколкупати протестирале е потенцијална опасност од зарази поради навлегувањето на нечистата вода...

Жителите на струмичкото село Дабиле бараат итно решавање на инфраструктурниот проблем со кој надојдената вода од каналите и при најмал дожд им влегува во дворовите и пониските делови од селото. На мирен протест го изразија револтот од состојбата за која велат е опасност по нивното здравје.

„Таа вода од дождови, подземна вода, доаѓа од друга м,аала, и тоа е жива болест, вели жител на Дабиле.

Тоа е жива зараза, епидемија, деца одат на школо, вели друг жител.

74 години сум тоа не го паметам во животот. Два месеци од дома не сум излегол, вели постар жител на Дабиле.

Претседателот на месната заедница вели дека испратиле барање до Агенцијата з апатишта од каде дошле екипи за да го санираат проблемот, но поради немање асфалт во станиците, реализацијата е одложена.

Најгорлив проблем е не само за граѓаните на Дабиле, зашто кон патот за Берово има многу сообраќај, и доаѓа до застој, поради непристапни услови, објаснува Бончо Божиков- претседател на Месна заедница Дабиле.

Дабиле се наоѓа на пет километри од Струмица. Во последните поплави изминативе две години водата навлезе во куќите во близина на реката и каналите.

Во поплавите од 24 и 30 јануари од ова село доставени биле  вкупно 46 барања од кои 28 за поплавени земјоделски површини и 18 за поплавени домаќинства и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите од 2.601.398 денари.

 

Катерина Давчева