Интересни квалификации
Инпонира досегашниот натпреварувачки курс и на Хрватска, Чешка, Австрија и Романија. Со завидна успешност низ овој фудбалски лавиринт минуваат малите Велс, Исланд и Полска и на општо изненадување Албанија, која е пред историски предизвик: довчеаршниот аутсајдер да стане дел од завршницата на Европското првенство...

Многу интересна е првата половина од квалификациите за ЕУРО 2016-та! Новиот натпреварувачки модел, со зголемен број на учесници делува инспиративно за многу селекции.Бидејќи и третите места во групите се билет за завршниот фестивал во Франција. Засега две селекции, Англија и Словачка блекаат со максимален учинок и речиси отворен пат кон Европското првенство.
Инпонира досегашниот натпреварувачки курс и на Хрватска, Чешка, Австрија и Романија. Со завидна успешност низ овој фудбалски лавиринт минуваат малите Велс, Исланд и Полска и на општо изненадување Албанија, која е пред историски предизвик: довчеаршниот аутсајдер да стане дел од завршницата на Европското првенство. За неколку реномирани селекции, големи фаворити на хартија, претстои трнлив пат до целта. Зошто моќникот Холандија, предводена од тренерскиот маг Гус Хидинк се доведе во теснец, зошто и Белгија со моќен состав мора да вади жешки костени од распламтениот фудбалски оган? Слично е и со Русија?
Сепак, овие три секеции и натаму се со добри изгледи. Неочекувано и изненадувачки брзо крахираа неколку репрезентации со неспорен фудбалски квалитет. Пред се тоа е Србија, која по синоќешниот пораз од Португалија, остана на дното на табелата со еден освоен бод. Под стандардите и со мали изгледи е и ланскиот Мундијалец Босна и Херцеговина.
Меѓу 15-тината земји, кои на половина пат останаа без здив се и Грција и Бугарија. Иако, не припаѓа на класата на овие селекции, со истиот чемер е и Македонија, која без шанси ќе го одработи натамошниот дел од квалификациите. Балканот е место на нов фудбалски скандал!
После Белград и прекинот на дуелот меѓу Србија и Албанија, новиот резил се случи во Подгорица со од хулигански побуди, прекинатиот натпревар меѓу Црна Гора и Русија.
